САД синоќа одобрија продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари, објави официјалната агенција на Пентагон.

Романија е сојузник на НАТО и сосед на Украина, која е во војна.

-Овој договор ќе ги поддржи целите на националната надворешна и безбедносна политика на САД со тоа што ќе овозможи подобрување на безбедноста на земја сојузник на НАТО, се вели во соопштението на Агенцијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста (ДСКА), во задолжен за продажба на оружје во странство.

Во соопштението се додава дека оваа испорака ќе го подобри капацитетот на Романија да се „соочи со сегашните и идните закани“ со обезбедување на веродостојни сили способни да ги одвратат противниците и да учествуваат во НАТО.

Романија граничи со Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година. Оттогаш, САД ги забрзаа своите програми за помош и испорака на оружје за Киев и земјите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на Романија и како што налага законот, агенцијата официјално го извести Конгресот. Конгресот треба да го ратификува договорот за продажба.

фото: МИА архива