Откако германската влада одобри испорака на тенкови „Леопард“ за Украина, сега е во преговори со Катар за купување на 15 оклопни возила за противвоздушна одбрана „Гепард“ кои потоа би биле испратени во Киев, објави „Зидојче Цајтунг“.

Испораката на „Леопард“ би можела да се случи по поправка на тенковите, наведува германскиот весник, повикувајќи се на владини извори. Германските компании „Рајнметал“ и „Фленсбургер Фарзојгбау Геселшафт“ сакаат да ги обноват десетината тенкови што би можеле да се испорачаат во Украина, ако Киев има волја да ги купи, се додава во текстот.

Доха купи „Гепарди“ за осигурување на стадионите за Светското фудбалско првенство, пишува „Зидојче Цајтунг“.