Околу 80 илјади денари приватно треба да плати Корун Кукуловски од Ресен за ПЕТ скен снимање што е клучно за да се знае дали Корун треба да направи операција откако му било потврдено дека има малиген рак на простата со укажување дека ракот може да се прошири и на други органи. Корун иако е вработен не може да се лекува во здравствените установи на товар на Фондот бидејќи од Јавното претпријатие Македонски Шуми не им испалатиле две плати а со тоа не им исплатиле ниту здравствено и пензиско осигурување. Корун за спас бара помош а ако не ја добие ќе продава тоа што може да се продаде.
„Ми препорача доктор Дончев од Скопје едни инекции, девет ги купив од Грција околу 1.000 евра. Ги ставав шест недели по една неделно, па шест недели не ставав, сега три недели ставав пак и сега ми рече после две недели да дојдиш Скопје. И сега, кога отидов Скопје во средата, ме упати докторот кај што треба да ме снимаат. Ми викаат – ти немаш осигурување, како ќе закажеме термини? Не можеме ништо.“ , – вели ресенчанецот Корун Кукуловски за ТВ АЛФА.
Кукуловски вели дека тој е само еден од вработените во ЈП „Македонски шуми“ кои се соочуваат со вакви проблеми, бидејќи платите се земаат нередовно, придонесите не се платени којзнае од кога, а вработените, речиси сите се веќе возрасни. Нему засега финансиски му помагаат роднинините, а вели, ја употребил и малата заштеда што ја имал од производството на јаболка. Но се плаши што ќе биде понатаму, зашто јасно му е дека ќе мора чарето да си го бара приватно. А за тоа ќе требаат пари, разаочарано коментира Корун.
„Имав трошка јаболка, нешто брат ми, има неколку крави, внукот игра ракомет, ми помага и тој, ме носи Скопје, ваму-таму, по доктори. Сега барам, осигурување да имам за да ја направам таа некоја 5-џи снимка, а такви имало само две во Македонија, ми се чини дека ми рекоа во Државна болница, а вчера некои ми рекоа- не е во „Мајка Тереза“, таа е во „8-ми Септември“, – објаснува Кукулувски за АЛФА.
Од претпријатието Македонски Шуми за Канал 5 објаснуваат дека сметката е блокирана од Управата за јавни приходи и дека се додека не се плати долгот плата ќе нема. Единствено директорот Гуревски гледа можност доколку од управата дозволат да се плати само здравствено осигурување.
Од синдикатот на Македонски шуми раскажуваат дека не е само Корун единствен случај кому итно треба итна интервенција и колега од Гевгелија чека здраваствено тој на болницата во Веле и должи за направена операција без осигурување.
Во март годинава околку две илјади вработи од 30 подружници штрајкуваа поради неплатени плати и и придонеси.