Во Параклисот на манастирот Св.Прохор Пчински во Република Србија поставена е спомен плочата за одржувањето на АСНОМ во овој манастир на 2 август 1944 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Двојазично, на македонски и српски јазик на спомен обележјето пишува: На 2 август 1944 година на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните изабраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државноста и самобитноста на Македонскиот народ, изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија.

Спомен плоча на АСНОМ во манастирот и други обележја имаше и во минатото, но поради несогласувања во црковните и политичките односи меѓу Македонија и Србија, во минатототаа беше отстранета. А потоа во Пелинце беше изграден Меморијалнит музеј, како замена за она што беше прекинато во Прохор Пчински.

Државно-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и претставници од Сојузот на борците на НОБ,  денеска ќе положат венци пред оваа спомен плоча.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.