Времето во Република Македонија ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до  11, а  дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.