Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 21 степени.

Во среда и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локален дожд. Потоа од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.