Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно, а попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1 степен, а дневната од 6 до 17 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 15 степени.

И во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.