Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои повисоки места.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура ќе се движи од пет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 10 степени.

Во четврток претпладне сеуште ќе има повремени врнежи кои на некои повисоки места ќе преминат во снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време.