Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 18 степени.

-И во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, над 60 километри на час, најави УХМР.

Според прогнозата на Управата, во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Најниска температура од 5 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе со 6 степени, 7 во Крушево, 8 Маврови Анови, 9 Берово, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид, 11 Прилеп, Виница, Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Штип, Струмица, Куманово, Велес, Дојран, 13 Скопје-Петровец и 14 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Најмногуи наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 08 часот има во Крушево- 17 л/м2, потоа 10 во Скопје кај Петровец и во Битола, 9 во Прилеп, 7 Крива Паланка, Пожаране, 6 Кавадарци, Куманово, 5 Велес, Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово , 3 Охрид, Пожар, 2 Дојран, Тополчани, Маврови Анови, Претор и 1 л/м2 во Штип, Демир Капија и во Гевгелија.

Количините на врнежи, се наведува, се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.