Времето во Република Македонија во претпладневните часови ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до четири, а дневната од три  до 13 степени.

Во Скопје во утринските часови ведро и студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, а во вторник ќе има врнежи од дожд кои особено на север и на повисоките места ќе поминуваат во снег. Во понеделник и од среда ќе има услови за појава на утринска магла.