Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од 1 степен, а 10 степени Целзиусови се измерени во Куманово, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија и Дојран.
Како што соопштија од УХМР, во Берово се измерени 2 степени, 3 во Маврови Анови, 4 Попова Шапка, 6 во Крива Паланка, Охрид и Претор, 6 степени и во Битола, Тетово, 7 Крушево, Скопје-Петровец, 8 Струмица, Прилеп, и Штип, 9 степени во Виница, Велес, Демир Капија и Кавадарци.
Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност, а само во североисточниот дел има зголемена облачност која брзо се преместува кон југ. Понекаде дува слаб променлив ветер.