Времето денеска во утринските часови ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови од земјата повремено силен ветер од западен правец (над 80 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Од понеделник до средината на работната седмица под влијание на студен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.  

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот утрово измерени се 6 Целзиусови степени на Попова Шапка, 7 – Маврови Анови, 8 – Крушево, Лазарополе, 9 – Крива Паланка, 10 – Берово, 11 – Претор, 12 – Охрид, Виница, Струмица, 13 – Прилеп, Штип, Гевгелија, 14 – Тетово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 15 – Битола, 16 – Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец.

Изминатите 24 часа, најмногу наврнало во Лазарополе. Дваесет и четири литри на квадратен метар изнесувала количината врнежи во Лазарополе, 13 – Попова Шапка, 11 – Крушево, 9 – Пожаране, 8 – Прилеп, 7 – Охрид, Претор, 6 – Берово, Тополчани, 4 – Виница, 2 – Штип, Демир Капија, Струмица, 1 – Тетово, Крива Паланка, Велес, Гевгелија.

Фото: архива