Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Утрово најниска температура е забележана на Попова Шапка, – 4 степени Целзиусови. Еден степен под нулата се измерени во Лазарополе и во Маврови Анови. Потоа следат Крушево со 0 степени, 2 во Берово, 3 Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Виница, 4 во Тетово, Битола, Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Дебар и Велес, 5 во Демир Капија и Претор, 6 во Струмица, Охрид и Дојран и 7 степени Целзиусови во Гевгелија, соопшти УХМР.

За изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд од 22 л/м2 наврнал во Маврови Анови, 16 во Лазарополе, 13 Дебар, 12 Тетово, Пожаране, Скопје – Петровец, 10 Попова Шапка, Куманово, Скопје – Зајчев Рид, 6 Кавадарци, 5 Велес, Претор, 4 Демир Капија, Крива Паланка, 3 Штип, Берово, 2 Прилеп, Крушево, Тополчани,

Во текот на ноќта постуден воздух и зголемена облачност се преместуваа кон исток и југоисток од земјата. Имаше врнежи од дожд кои во првиот дел од ноќта беа проследени со ретки грмежи, а повремено беа и поројни. Утрово е свежо, со засилен ветер во Штип (и до 40 км/час), а дожд има на Ѓуриште.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Фото: МИА Архива