Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од седум до 17 степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 24 степени.

Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.