Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од  22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 30 степени.

Следува период на значително топло време, особено во втората половина од седмицата.