Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од  14 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени.