Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 8 и 15, а дневната ќе достигне од 23 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, умерено облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд.. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во наредниот период ќе преовладува променливо и посвежо време. И во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.