Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ индексот е 7.

Утринската температура ќе се движи од девет до 20 степени, а дневната од 23 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и УВ индекс 7.

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дненвата температура до 30 степени.

Следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.