Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени Целзиусови, а максималната преку денот ќе се искачи до 38-от степен. УВ индексот е 9.

Според прогнозата од УХМР, попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.