Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени.

Од денес следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро.