Времето во Македонија претпладне сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд.

Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачно, а во вечерните и ноќните часови со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде околу 10, а дневната ќе достигне 24 степени.

Во вторник претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.