Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 19 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 27 степени.