Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 27 степени
Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.