Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 19, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе започне од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.