Времето денеска – утрото посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.
УХМР најави дека и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро.
Во четврток ќе има зголемена облачност, а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.
Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално, информираа од УХМР, ќе има услови за појава на невреме.
Во Берово и Лазарополе утрово се измерени минус два, а на Попова Шапка нула степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во Скопје е седум степени, а најтопло е во Гевгелија 12 степени.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево и студено. Дуваше слаб до умерен северен и северозападен ветер.
Фото: МИА архива