Оваа недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Според УХМР, дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.

И во Скопје ќе биде нестабилно, освен утре, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.