Облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, најавуваат за денеска метеоролозите. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови.
На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните дневни до 14 степени.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. До крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови, каде врнежите најдолго ќе се задржат. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како и на некои пониски места во источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, а дневните од минус 1 до 8 степени.