Променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 7 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно време. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.