Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а дневната ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер, максималната дневна температура ќе биде 22 степени.
За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотрајно пороен дожд и ретки грмежи.
В недела температурите повторно ќе се покачат, а од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни и со засилен јужен ветер. Од ноќта кон вторник ќе започне да дува засилен северен ветер кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.