Во текот на денот во Србија и во странство ќе бидат уапсени повеќе лица поврзани со упатување дојави за бомби. Тоа синоќа го најави српскиот претседател Александар Вучиќ кој нагласи дека властите во Србија во соработка со европски партнери ја „уловиле мрежата“ на оние кои испраќале дојави за бомби.

„Утре или задутре ќе биде објавено… ќе има апсења во европски земји и неколку лица во Србија“, изјави синоќа Вучиќ.

Според него станува збор за „психолошка војна против државата“, и дека тоа е начин да се создаде немир кај граѓаните.

Училишта и други јавни установи во Србија веќе подолго време добиваат пријави за подметнати бомби, а сите биле лажни, како што утврдила полицијата по проверките.

Вучиќ рече и дека поради дојавите „нема да има посебно гласање“ и дека гласањето на изборите в недела ќе биде „во согласност со законот“.