Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за официјализирање на истрагата за импичментот на претседателот Џо Бајден.

За одобрување на истрагата гласаа 221 претставник, против беа 212. Домот што е под контрола на републиканците, испитува дали Бајден имал корист од работите во странство на неговиот 53-годишен син Хантер Бајден, неколку часа откако помладиот Бајден одбил покана за сведочење зад затворени врати.

Републиканците исто така тврдат дека Бајден и неговото семејство имале корист од одлуките во кои Бајден постариот учествувал додека бил потпретседател на САД, од 2009 до 2017 година.

Фото: ЕПА