Башким Шабани, вработен на Клиниката за урологија во Скопје, денеска во изјава за медиумите истакна дека околу 2000 операции биле одложени поради неработењето на хируршките сали.
Како што вели, дневно се одржувале до 100 операции, но прекинот од речиси еден месец довел до бројка околу 2000.
„Од денеска официјално дека ќе работи една сала, во две смени, затоа што е најдено некое привремено решение. Технички, проблемот трае околу 3 недели, а од денеска имаме и официјална објава од директорот дека ќе се започне со ефективна програма, ќе се работи во две смени со само една сала“, вели Шабани.
Тој додава дека овој систем за решавање со салите се уште не е трајно решение.
„Некои мобилни компресори се поставени од надвор и во сала, ние сега не работиме со полн капацитет затоа што ќе биде само една сала. Имаме најава дека од понеделник ќе бидеме спремни да се работи во две смени меѓутоа ни ова не е трајно решение“, додава Шабани.