Народот не знае како да си ги плати сметките за струја, а Бислимоски откако му даде лиценца на синот на Заев се гоштева во скап ресторан во Дубровник, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ ја покачи цената на струјата за 30 отсто. Граѓаните што плаќале 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари. Хидроакумулациите се исцрпеа во ек на лето, а во сред грејна сезона РЕК Битола беше оставена со минимум јаглен на депонија. Сето тоа предизвика и до 50% од домашната потрошувачка на струја да се покрива со увоз на скапа струја, кога цената на истата рушеше рекорди на светските берзи, се вели во соопштението.

Заради неспособноста на владата, се додава во истото, народот едвај се снаоѓа да плати сметки, а профитираат само трговците со струја, бидејќи државата е увозно зависна повеќе од кофа било до сега.

– И додека народот се чуди како да плати сметки, Бислимоски му даде лиценца на синот на Заев за фирмата за трговија со струја, а иста таква фирма отвора и Кочо Анѓушев. Откако ја донесоа државата во незавидна и зависна од увоз енергетска положба сега отвораат фирми за трговија со струја, а претседателот на РКЕ се гоштева по скапи ресторани надвор од земјата, соопшти опозициската партија.

Вчера во медиумите и на социјалните мрежи беа објавени фотографии од гоштевањето на Бислимовски крај море во Дубровник.