По забраната во 2009 година на обичните сијалици и воведувањето норма за употреба на халогени светилки, во Европската унија од септември годинава ќе важи правилото – мора да се купуваат само ЛЕД светилки.

Јасно е дека, иако ЛЕД светилките се поштедливи, тие, сепак, чинат барем двојно повеќе од халогените, така што оваа директива се смета за контроверзна зашто од една страна се форсира штедење, а од друга тоа ќе удри по џебот на семејствата.

Анкетите велат дека ЛЕД светилките се користат најмногу во канцеларии и во маркети, додека семејствата се навикнати на стандардните светилки заради тоа што смеетаат дека ЛЕД светилките не го осветлуваат домот како што тие навикнале.

Нивните очеквања како корисници, се дека ќе се намалат цените на ЛЕД светилките.