Бившиот лидер на СДСМ и се уште премиер во оставка, Зоран Заев му честиташе на неговиот наследник Димитар Ковачевски, откако денеска официјално ги објави кандидатите за нови министри во идната влада и претстави и дел од владината програма.
– Честитки и со среќа Претседателе! Верувам во подршката од Парламентот, а исто така верувам дека ќе ја има и големата подршка од нашиот народ на кој одговорно и чесно ќе му служи, напиша Заев на Фејсбук.
Заев ова го напиша во коментар под објавата на Ковачевски на старо-новиот состав на старо-новата Влада.