Лидерот на СДСМ Зоран Заев по добивањето на мандатот за составување влада, изјави дека е сигурен оти во уставно предвидениот рок ќе успее да го формира новиот владин тим.

Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев истакна дека тоа прашање е регулирано со уставот, посочувајќи на ситуацијата со составувањето влада во 2016 година.

– Имавме ситуација во 2016, мандатот му беше доверен на Никола Груевски и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада, итакна Заев.

Заев: Решенијата низ дијалог, аргументи, ставови и програми, а не со уцени и присила

Решенијата треба да се бараат низ дијалог, аргументи, ставови, програми, кадри и определби. Уцени и присила не смее да има зашто горчината од таквото однесување граѓаните ќе ја почувствуваат и тоа ќе остави трага, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по добивањето на мандатот за составување нова Влада.

Одговорајќи на новинарско прашање дали стравува дека можеби предлогот на ДУИ за премиер Албанец ќе се дискутира и ќе наиде на поддршка од сите присутни на денешната средба што ја иницира Али Ахмети со албанските партиски лидери, Заев истакна дека ваквата идеја, според информациите, нема да биде една од темите на состанокот.

-Секој има право да одлучи како мисли. Мене ми е драго кога го видов дневниот ред, во него нема таква работа и навистина тоа испраќа малку поодговорна порака од онаа што јас ја имав како перцепција, а веројатно и повеќето граѓани. Се разговара да се направи рекапитулар на тркалезната маса од последното одржување до сега, се разговара за теми важни за државата. Не препознав точка која беше објавена вчера од оние што канат, а тоа се ДУИ, дека има такво прашање, рече Заев.

Според него, ништо ако е изнасилено не носи одржливост и резултат.

-Никој не е должен да биде уценуван и присилуван. Мене ми е драго што и така течат разговорите, не низ уцена и присила, туку со заемно разбирање и аргументација на ставовите и политиките. Ако граѓаните ја доживеат горчината дека некој е под уцени, Ахемти, Заев, Мицкоски, Касами, Села,…, таа ќе остане и тоа остава трага. Тоа не смееме да го дозволиме. Уцени не смее да има, туку аргументи, ставови, програми, кадри, опееделби, тука да ги најдеме решенијата, потенцира Заев кој денеска го доби мандатот за составување Влада од претседателот Стево Пендаровски.

Заев: Пратениците преку медиумите ќе дознаат дека сум мандатор

Нема ништо лошо што пратениците денеска преку медиумите ќе дознаат дека Зоран Заев го добил мандатот за состав на Влада, порача денеска лидерот на СДСМ и мандатар на доделувањето на мандатот од страна на претседателот Стево Пендаровски во вилата Водно.

Тој во одговор на новинарско прашање за ставот на претседавачот на Парламентот Талат Џафери дека претседателот на Собранието во рок од три дена треба да ги извести пратениците за овој чин, рече дека сега кога нема претседател, пратениците ќе дознаат од медиумите дека тој го добил мандатот и дека со тоа Џафери само сакал да си ја заврши својата деловничка обврска.

– Како актуелен пратеник, чиј мандат е верифициран,  не добив покана за седница на Собранието денеска, а не доби ниту некој од 120 те пратеници во парламентот, туку имаше соопштено најава за подготовка на евентуална седница, веројатно во консултации со стручни луца е донесено одлука да не се одржи таа седница. Но слушнавме дека службите добиле насока за подготовка на седницата, која еве до овој момент не е закажана таква седница и верувам дека нема да има таква седница бидејќи преговорите продолжуваат, рече Заев и додаде дека од денеска течат дваесетте дена за мандатарот да формира влада.

Претседателот на СДСМ на Заев на Талат Џафери му честиташе внук и рече дека децата, внуците и семејството се вистинските вредности, сето друго што го работат е минливо но треба да се опстои на тоа.

Заев: Денеска ќе имам средба со Ахмети и ќе ги продолжиме разговорите за коалиција

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по примањето на мандатот за составување влада рече дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети за да ги продолжат разговорите. Соопшти дека имаат успех во многу аспекти, но и прашања кои сè уште не им се затворени, а кои се, како што рече, поприлично сериозни прашања. За деталите, рече, не би разговарал зашто преговарачкиот процес  така ќе стане медиумски и нема да биде од помош.

– Се обидуваме да ги дадеме сите можни информации сè до онаму до каде нема да нарушиме какви било перспективи на успешен преговарачки процес. Но, веднаш кога ќе направиме успех и исчекор, тоа ќе го соопштиме. Секако, се надевам на успех заради тоа што граѓаните нè определија, ни дадоа насоки кој со кој да преговара и редот треба да се испочитува. Во демократијата – граѓаните кажуваат кој со кој треба да седне прво да ги направи сите можни напори. Но, како што реков, опциите постојат. На крајот на денот, нашата земја Република Северна Македонија треба да има влада час поскоро, за да може да се зафати со предизвиците од пандемијата, но и со сите домашни предизвици, па и меѓународни, мислам на преговарачкиот процес со ЕУ, Берлинскиот процес којшто следува итн., изјав Заев одговорајќи на новинарско прашање.

Рече дека според уставната одредба по доделувањето на мандатот во рок од 20 дена треба да се направи обид за формирање влада и токму овие 20 дена, како што рече,  „се нашиот мегдан да успееме да формираме влада, а со тоа да обезбедиме и парламентарно мнозинство најмалку од 61 пратеник“.

-Секако, за стабилна влада тоа значи секоја бројка повеќе којашто ќе поддржи програма, кадри, кандидати би била сериозна, голема гаранција за стабилноста на Владата. Нашата амбиција е четири години, затоа што очекуваме дека после НАТО-членството, почеток на преговорите со ЕУ, важно е за делегацијата и сите професионалци од ЕУ со коишто ќе преговараме  да знаат дека имаат предвидливост со четири години, но пред се и над се е важно за домашната економија, за деловниот сектор и за граѓаните. Тоа ќе не стави во состојба како држава да имаме само едни избори, тоа се 2021 година  локалните, 2022 и 2023 немаме избори, во 2024  се претседателските и парламентарните избори. Реално, имаме одличен мегдан за работа, истакна Заев.