Премиерот Зоран Заев изрази задоволство од почитувањето на мерките за заштита од Ковид -19 и порача граѓаните да продолжат да се придржуваат кон нив.  

-Пред две и пол недели кога донесовме одлука да ги затвориме угостителските објекти и полицискиот час да биде од 20 часот бројките на новозаболени беа 1.520, 1.480. Веќе после една недела паднаа на 1200, 1100, сега се 800, 750, 640, значи даваат ефект мерките, секако недоволен. Треба да продолжиме да ги почитуваме мерките, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.  

Конечна цел, додаде Заев, е реално да ги пречекаме празниците во семејна атмосфера со помалку болни граѓани, помалку загубени човечки животи.

Но, ако малку се навратиме наназад, ќе се потстетиме дека власта на чело со Заев упорно настојуваше токму во овој период да се одржи пописот на населението, а сега говори за мерките за заштита на истото население.