За каква правна држава пишува Центарот за комуникации на СДСМ, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со последните настани и циркусот со Сашо Мијалков.

-Држава во која бегаат тешки криминалци, а се судат обични граѓани за неносење на маски. Розовите очила Центарот за комуникации на СДСМ нека не ги користи, не поминуваат кај граѓаните. Граѓаните добро знаат дека откако Заев дојде на власт владее криминал и корупција. Заев ја уби правната држава. Да имаше правда ќе се решеа безброј афери кои се тесно поврзани со Владата на Заев. Разрешница се уште нема за „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“, „Дака“, тендерите на Венко Филипче, лепливите раце на Ден Дончев, за криминалните афери на Лидија Димова и безброј други. Јасно се гледа крими коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки. Партиите во Парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни. Заев не смее да продолжи да ја резили државата, се вели во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.