Процесот е сериозен, ќе се обидеме да обезбедиме 2/3 мнозинтво со пратениците, ќе направиме се што можеме, порача лидерорт на СДСМ и премиер Зоран Заев по состанокот на извршниот одбор на партијата.

Ова го објави ТВ 24 вести по состанокот на владеачката партија.

Според телевизијата, Заев не сакал да одговори дали имало комуникација со опозицијта, но само ги повторил позициите дека доколку не се постигне договор за гласање на уставните измени во Собранието, ќе се оди на избори.

– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.