Откако вчера поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, објави дека „коронавирусот е мртов“, вечерва се огласи и бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев кој тврди дека „епидемијата е под контрола“ и покрај секојдневно големиот број на новозаразени во Македонија.

– Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните институции потврдуваат дека епидемијата е под контрола. Вирусот ќе биде присутен подолго време и мора да научиме да живееме со него. Граѓаните, секој од нас, сега има уште поголема одговорност. Битката не е завршена. Да бидеме внимателни и да се чуваме бидејќи со тоа ги штитиме нашите најблиски и го чуваме јавното здравје. Задолжително да ги почитуваме сите мерки – на тој начин спасуваме животи, објави Заев На фејсбук.

Како што е познато и денеска кога се објавува олабавувањето на мерките, Македонија со тројца починати и 16 новозаразени е во врвот на земјите во кои ширењето на коронавирусот се уште не е под контрола.