Премиерот Зоран Заев денеска во посета на општина Прилеп пристигнал со хеликоптер, објави на својата Фејсбук страница пратеникот Петар Ристески.

Заев, како што беше најавено, ќе изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница во Прилеп, каде што ќе присуствува и на почеток на изградба на нова градинка. Тој, според најавата, ќе биде придружуван од министрите за труд и социјална политика и за здравство, Јагода Шахпаска и Венко Филипче, и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Ја пренесуваме објавата на пратеникот Ристески за денешната посета на Заев на Прилеп:

-Заев во Прилеп дојде со хеликоптер! А,како поинаку?  Патот Градско – Прилеп го прекина и сега е небезбеден, поради тоа што фирмата Рубау си замина бидејќи Заев и Сугарески му барале провизија?  Да ги избегни тутунарите кои го чекаа да му се „заблагодарат“ за најкатастрофалниот откуп на тутун во последниве 30 години. Тутунот земен за без пари. Тутунарите излажани и ограбени. 800 до 1.000 тони тутун остана неоткупен, прв пат после 30-тина години. Вработените во општинската фирма ЈПЗ за ПУП кои го чекаат „пресреќни“, зеле вчера 5.000 денари февруарска плата, за мартовската ќе почекале! Вработените од Еурокомоозит кои „само што не почнале“ со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во Собрание! И на крај, семејствата на 200 починати прилепчани и 4.027 заболени кои молат за лекарска помош, пиштат од мака и непружена лекарска помош, се молат за помош по фирми неможејќи да ги платат прескапите цени од 2 300 евра за еден ден во приватните болници, за своите животи. A вакцини нема! Заев мрш од Прилеп, пишува Ристески во објавата на својот профил на Фејсбук.