Како држава поминавме низ еден тежок период, период на криза и од особено значење во тој период беа извештаите и насоките на  Прибе и неговиот тим кој ја следеше состојбата во нашата држава, истакна бившиот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев за Ал Џезеира Балканс.

Тој посочи дека денес во Македонија законот важи за сите граѓани подеднакво, а од особено значење е транспарентноста и вклученоста на граѓаните како контролори на судството.

– Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани. Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во С. Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија, јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме Специјално јавно обвинителство, главен уредник на националната телевизија и техничка влада, посочи Заев.

Тој рече дека техничка влада има и сега во нашата држава иако СДСМ е на власт, но претставува големо искуство со кое и опозицијата и власта имаат гаранција дека изборите ќе бидат фер, демократски и регуларни.

– Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност. Важно е да има закон за избори кои сите ќе го поддржат, затоа што низ него се вградуваат сите елементи кои учествуваат во изборниот процес. Најголемото демократско право е правото на глас и фер и демократски избори. Верувам дека секоја земја која се декларира како демократска мора да има законодавство. Заев посочи  дека моментално во нашата држава се носи Изборниот закон во кој треба да бидат вклучени препораките на ОДИХР, заедно власта и опозицијата, да направат изборна регулатива и изборен процес во кој веруваат сите. С. Македонија е мултиетничка држава и посебно сум горд на тоа, денес е ново време кога повеќе не важно дали сме Срби, Македонци, Бошњаци и друго, важен е концептот кој што го поставивме, а тоа е „едно општество за сите граѓани“, рече Заев, пренесоа од Центарот за комуникцаии со јавноста на СДСМ.