Штотуку, Зоран Заев објави дека бара Собранието да се изјасни на доверба на Владата.

Ова доаѓа, како негова реакција на најавуваното ново парламентарно мнозинство до ВМРО-ДПМНЕ. Иако ретко кој веруваше, овој потег на Заев покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сериозно работело на тоа прашање, па Заев се обидува да биде побрз и да го расчисти ова прашање пред работите да земат неповолен тек за него.

Заев се повика на член од Деловникот кој предвидува гласањето да биде на истата седница на која прашањето за доверба било поставено и тоа без расправа на пратениците. Вообичаено досега ова прашање се поставуваше вез основа на член на Деовникот кој предвидуваше три дена расправа по ова прашање.

Талата Џафери штотуку кажа дека ова прашање ќе биде прво на дневниот ред, но прво треба да се извести претседателот на државата.