Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти пред малку премиерот Зоран Заев.

– Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид. На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на С. Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби, соопшти Заев во објавата на Фејсбук.