Јас како струмичанец се сеќавам на свиждањето, за да се зближат народите, изјави  премиерот Зоран Заев во интервју за Радио Канал 77 и рече дека не се кае поради неговото неодамнешно интервју за бугарската агенција БГНЕС кое предизвика големи реакции во јавноста.

– Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Јас како струмичанец се сеќавам на свиждањето за да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот. Наместо „бугарски фашистички окупатор“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“. Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, рече покрај другото Заев.

Не му се лутам на Црвенковски за реакцијата, напротив тој треба да биде активен, рече Заев.

– Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во напиот регион има такви претседатели кои се уште се активни. За мене тоа е коректив на политиките, потенцираше Заев.

Во однос на писмото кое поранешниот претседател на СДСМ и претседател на државата, Бранко Црвеновски Заев вели дека не му се лути.

– Таман работа ако му се лутам, рече Заев.

Запрашан за партијата и дали стравува од смена од чело на партијата тој истакна:

– Тие се мои партиски другари кои сега не се дел од раководството. Но јас ги почитуван и тоа е демократско право. Ние имаме избори во април за претседател во партијата. Тука може секој да излезе и да понуди свои понуди. Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април, рече Заев.