Разговорите за името меѓу Македонија и Грција во моментов се заглавени, констатираат грчки медиуми повикувајќи се на допломатски извори во Атина. Според нив во петокот настанал проболем меѓу работните групи кои работеле на нацрт-текстот на договорт. Според грчки владин претставник македонските претставници не сакале да се држат до договорената рамка меѓу министрите Коѕијас и Димитров, а како клучен проблем се наведува „употребата на терминот македонски“.

Сега се очекува македонската страна да ги испегла ставовите и да се обиде да најде некаво решение за име кое според грчката страна треба да го отсликува словенскиот карактер на земјата и тоа од 7. век.

Од друга страна, пак, „Катимерини“објавува дека како сериозен треба да се земе податокот што во едно последно истражување на јавното мислење „шест од десет испитаници во ПЈРМ“ рекле дека се против името „Илинденска Македонија“. Весникот цитирајќи ја оваа анкета, всушност укажува дека не е само претседателот Ѓорге Иванов кој се противи на такви решенија за името и промена на Уставот, туку дека прашањето е со многу подлабока позадина.

Од друга страна, иако Атина преку премиерот Ципрас и министерот Коѕијас сакаат да ја префрлат топката на македонски терен, односно дека проблемот за застојот е во Скопје, во Грција нема знаци за политички консензус, дотолку повеќе што најголемата опозициска партија Нова демократија постојано кажува дека не се согласува со решенијата кои во моментов се на масата за преговори. Но, и владиниот партнер, Панос Каменос, повторно потврди дека за неговата партија е „неприфатлива употребата на името Македонија“ од соседот.

Па, иако се смета дека партијата на Каменос не тежи многу, сепак, Нова демократија во моментов е најпопуларна партија, на Сириза и бега за десет проценти, па јасно е дека без партијата на Киријакос Мицотакис нема ништо да биде па дури и ако Скопје и Атина постигнат договор.