Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби, пишува весникот КОХА.

Инцидентот се случил на улицата „Струмичка“, во скопската населба Чаир.

Полицијата во придружба на дежурен обвинител излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот.

Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека пожарот настанал околу 03:30 часот.

-Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул. Струмичка настанал пожар во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР за ТВ21.