Одбиена е жалбата за притворот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Кривичниот совет на судот по одржата седница го потврди притворот од 30 дена и тој останува во затворот Шутка.

Зеќири претходно поднесе оставка на функцијата генерален секретар во Владата откако Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која е осомничен Зеќири, за злоупотреби на јавна набавка за консултантски услуги, склучена во 4 очи наместо преку тендер.

Заедно со него се осомничени и двајца хрватски државјани.