Шилегов и СДСМ го оставија ЈП Паркови и зеленило во долгови, со ваква состојба нема доволно пари ниту за плати, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со затекнатата состојба во ова скопско јавно претпријатие, по заминувањето на екс градоначалникот, Петре Шилегов.

-По промената на директорот на Шилегов во ЈП Паркови и зеленило е затекната состојба на сметка од 13.530.519 денари, и доспеани обврски од 35.650.252 денари. Со ова претпријатието е над 20 милиони во минус. Вака затекнатата состојба со немање на големи побарувања за наплата на ЈП Паркови и зеленило се доведува во прашање неговото нормално работење и навремена исплата на плати. Состојбата во ЈП Паркови и зеленило е одржувана вештачки. Иста таква состојба е затекната и во другите јавни претпријатија. Шилегов и СДСМ оставиле пустош зад себе и празни сметки, со многу долгови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред доаѓањето на власт на Шилегов и СДСМ, ветуваа „чист ајро“ во главниот град, зелено Скопје и други еколошки проекти. Но, наспроти ветувањата, останаа само неколку скапи зелени покриви на објекти, ливадата пред ГТЦ и голем долг на јавното претпријатие кое се грижи за зеленилото во градот.