Земјотрес со сила од 3,5 степени според Рихтер, попладнево ја погоди Грција.
Тој е регистриран на 59 км североисточно од Солун и на 12 км од Сер.
Бил на длабочина од 5 км.
Земјотресот е почувствуван и во југозападна Бугарија, односно Пиринска Македонија.
Нема подтаоци за причинета штета.
Неодамна, земјотрес со сила од 6,8 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Закинтос по што беше констатирано дека тој се поместил за три см.